МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Од:

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 ноември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20:00 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани