МНТ со „Последната лента на Крап“ ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола

Од:

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, денеска ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола.

Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје.

Ова е претстава за изолацијата и стареењето, за кревкоста на сеќавањето, за нашиот комплексен однос со технологијата, за свет во кој времето неповратно минува и бројните ограничувања со кои нѐ соочува животот. Претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти.

Фестивалската програма на овогодинешниот 22. Интернационален фестивал на монодрама трае од 22 до 27 јуни со десет монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“