МНТ подготвува два нови проекти

Од:

На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекти поддржани од Годишната програма на Министерството за култура на РСМ за 2021 година.

Претставата „Само глас“ од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло. Во неа играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Овој текст ќе ја доживее својата праизведба во режија на Јордан Симонов, а главниот лик го игра Александар Микиќ. Насловот на претставата е инспириран од животната сторија на јунакот Митре Стрелата во Канада. Како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија… Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта – дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани