МНТ објави аудиција за актери, танчери и пејачи за мјузиклот МАМА МИА

Од:

Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за избор на актери, танчери и пејачи за споредните улоги во новиот мјузикл МАМА МИА.

Мјузилот МАМА МИА е светски хит инспириран од музиката на познатата музичка група АББА. Македонскиот народен театар соопшти дека по успешната реализација на мјузиклот Чикаго започнува со нов светски хит, овој пат низ приказна исполнета со љубов, забава и многу танц, што ќе ја режира Наташа Поплавска. Познатите поп хитови за љубовните романси на две генерации, ќе бидат новиот предизвик во новата театарска сезона 2017/2018 во МНТ.

Поради различната возрасна граница и изведувачка задача аудицијата е поделена во два дена и тоа: на1 септември аудиција за актери и пејачи, а на 2 септември аудиција за танчери.

Актерите/актерките треба да се на возраст од 19 до 50 години, а танчерите/танчерките и пејачите/пејачките од 16 до 25 години и покрај физички треба да поседуваат и гласовни вештини, информираат од МНТ.

Сите заинтересирани кандидати ќе треба да пополнат пријавата која можат да ја симнат од веб страната на МНТ: http://www.mnt.com.mk. Пријавата треба да ја испратат на е-маил: [email protected]. Во полето SUBJECT при испраќањето на пријавата задолжително треба да стои: МАМА МИА АУДИЦИЈА/MAMMA MIA AUDICIJA.

Крајниот рок за пријавување е 28.08.2017 до 24:00 часот. Сите непотполни и ненаврмено испратени пријави нема да се земат предвид. Селектираните кандидати најдоцна до 29.08.2017 ќе добијат известување за термините и задачите за аудицијата, соопштуваат од МНТ.

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Никола Кимовски назначен за в.д директор на Македонскиот народен театар

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски