Млади уметници со порака за Скопје „Политизацијата на отфрленото”

Од:

Утревечер, во 20 часот, во Агенција за сериозни интереси (SIA) ќе биде отворена изложбата „Политизацијата на отфрленото”, на авторките Кристина Божурска и Зорица Зафировска, кои беа избрани на конкурсот на SIA.

При крајот на 2014 година, беше распишан отворен повик за младите визуелни уметници, да пријават свои дела, за учество на изложба во просторот на Агенцијата за сериозни интереси (Serious Interests Agency – SIA) во Скопје.

– Главната цел на овој повик беше да им овозможи на учесниците во изложбата да направат конструктивен и креативен одговор на одредени аспекти на нашиот локален контекст во градот Скопје, велат од културниот центар SIA

Жири комисијата во состав: Петра Бишоф од „АртЕнгл“, Бланка де ла Торе, кураторка во „Артиум“, Музејот за современа уметност во Виторија, Шпанија, Марта Попивода, режисерка и културна работничка, недамнешен добитник на наградата „Берлинска уметничка награда за визуелна уметност„ како и д-р Небојша Вилиќ, историчар на уметност и професор при Факултетот за ликовни уметности во Скопје ги разгледала големиот број пристигнати апликации и во потесниот круг ги избрала Кристина Божурска, Зорица Зафировска, Горан Менков, Душан Пејчев и Зоран Шеќеров.

„Наместо желбата да се репрезентираат поединечни дела со различни тематики на оделни уметници, жири комисијата, врзувајќи се на тематиката на самиот отворен повик, се определи изложбата да биде конципирана како рефлексија на моменталните збиднувања во нашиот град. Избраните дела обработуваат една тема – положбата на локалниот работник, при што се избрани уметничките делата на Кристина Божурска и Зорица Зафировска (со различен број на гласови на членовите на жирито), да бидат претставени на оваа изложба.

Како што наведе Петра Бишоф, избраните уметнички дела зборуваат универзално и симболички (Божурска) и локално и директно (Зафировска) за положбата на современиот работник, додека Марта Попивода ги препозна позициите кои овозможуваат трансформативно читање на „машките и женските теми“ и создавање на поинакви модалитети во креативните сфери.“, соопштуваат од Агенција за сериозни интереси

А.Б.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ