МКЦ домаќин на филмскиот фестивал „Eurovideo 2015“

Од:

Младинскиот културен центар (МКЦ), во соработка со BRIDGES, од денеска до 19 март, ќе биде домаќин на филмскиот фестивал „Eurovideo 2015“.

Фестивалот е организиран од страна на Videografphies и Фондацијата Монс 2015. Оваа, како што ја нарекуваат,  „Евровизија за кратки филмови“, ќе се одржува во Театарот во белгискиот град Лиеж, а тридневната манифестација ќе биде симултано пренесувана во Cafe Europa локалите во Монс, Сараево, Скопје, Сан Себастијан и Калининград. Наградените дела ќе бидат прикажани и на белгиската национална телевизија.

На програмата се 24 кратки филмови кои доаѓаат од 17 различни европски држави, а меѓу нив за свое место се избори и краткиот македонски филм под наслов „I want to abuse“ на режисерката Наташа Неделкова.

Паралелно со натпреварувачката програма, свој придонес ќе имаат и трите Carte blanche односно ненатпреварувачки програми: „Ludwig Forum“ од Ахен кои на оригинален начин ќе ја прикажат видео арт историјата на Германија, Белгија и САД, „Duplex 100м2” од Сараево кои ќе отворат посебен видик кон различната и културно богата видео арт заедница во БиХ, како и „Tabakalera” од Сан Себастијан кои ќе го прикажат победничкото видео од нивниот последен Фестивал на филмските академии.

Првите два дена се гласачки и натпреварувачки каде по проекциите, секој од публиката ќе има можност да гласа за петте најдобри филмови од селекцијата. Третиот ден е прогласувањето на наградените и прикажувањето на победничките филмови.

Најдобрите во категоријата Films and Videos ќе имаат можност да се здобијат со наградите: The Innovation Award for Technologs or Treatment (1.500€)”, “The Innovation Award for the Most significant content (1.500€)” и „The European Audience Award (1.500€)”, каде Македонија е во конкуренција за наградата.

Проекциите се бесплатни и ќе се прикажуваат во Cafe Europa – Скопје, лоцирано во Кафулето во МКЦ со почеток во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи