Мирјана Крстева – Масети изложува во Прилеп

Од:

Вечерва во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „ТИ“ од Мирјана Крстева- Масети.

За Масети се вели дека е автор што има современ графички израз, со примеси на лирска апстракција, како и дека е автор кој вертикалите ги доживува како седативна димензија и пред сè го негува цртежот како прв артикулиран медиум.

„Барајќи ја корелацијата меѓу минатото, сегашноста и иднината, трагам по создавање впечатливи композициски структури, од благо геометризирани, квадратно-правоаголани облици или форми (кои се појавуваваат и варираат скоро во секое дело во колористичката игра на полно-празно и меѓусебното преклопување на хроматски и ахроматски тонови) и експресивен линеаризам, (графизам); апликации од стари хартии и текстил“, вели Масети во најавата за изложабата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски