Министерството за култура раскина договори за нереализирани проекти вредни над милион евра

Од:

Министерството за култура денеска соопшти дека во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација раскина договори во вкупен износ од 70.776.722 денари, односно над еден милион евра.

Од Министерството за култура информираат дека е спроведена внатрешна ревизија.

-Наодите од ревизијата, Министерството по службена должност ги испрати до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Финансовата полиција и до ДКСК, стои во соопштението.

Во согласност со усвоените заклучоци од вчерашната седница на Владата, Министерството за култура, како што се наведува, нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли, а со цел заштита на буџетските средства.

-Сите информации ќе бидат познати по завршените контроли за што подетално треба да се произнесат органите кои се повикани. Очекуваме Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување на евентуални злоупотреби, се вели во соопштението од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ