Министерството за култура доби награда „8 Септември“ од Општина Крушево

Од:

Министерството за култура од Општина Крушево доби награда „8 Септември“ за 2014 година – највисока општинска награда по повод Денот на ослободувањето на Крушево од фашизмот пред 70 години, а кој се совпаѓа и со државниот празник – 23 години од независноста на Република Македонија.

Признанието на Министерството му е доделено за неговиот придонес во унапредувањето на културата и на условите за развој на туризмот во Крушево, кој оваа година ја носи и титулата „Град на културата во Република Македонија“.

Одлуката ја донесе Советот на Општината, а наградата и беше врачена на министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска денеска на свечена седница во хотелот „Монтана“. Наградата и ја врачи градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски.
Министерката Канчевска Милеска истакна дека таа е големо признание за заложбите на сите во Министерството за култура во изминатиот период за промоција на културно-историските знаменитости на Крушево и збогатување на културната понуда на градот.

– Наградата „8 Септември“ е поттик повеќе да продолжиме со посветеност и енергија да го унапредуваме развојот на културата во сите сегменти во градот Крушево, во интерес на сите наши граѓани. Градот Крушево е ризница на македонската култура и традиција и уверена сум дека во иднина ќе ги популаризираме и афирмираме вредностите на богатото културно наследство на овој град, кој со право оваа година го носи епитетот престолнина на културата во Република Македонија. Да се зборува за Крушево значи да се зборува за сопствената историја и култура. Крушево е град музеј, град кој изобилува со историски зданија кои се одек од минатото и потврда за непроценливото културно наследство на нашата држава, рече Канчевска Милеска.

Таа ги спомна културните вредности на градот кои Министерството за култура посветено ги негува и инвестира во нив, како: поставките во Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република, Галеријата на Никола Мартиноски, која до крајот на годинава ќе има нов ентериер, реконструкцијата на надворешноста на востаничката леарница, споменичните обележја Слива и Мечкин камен, како и Музејот на Тоше Проески кој беше отворен во 2011 година.
Таа посочи и на донесениот посебен Закон за заштита на старото крушевско јадро, реставрацијата на фасадите на старата крушевска архитектура, проектот за заштита на споменичниот комплекс „Илинден“ и на црквата „Св. Јован“, поддршката на манифестациите „10 дена Крушевска Република“ и „Крушево етноград“, како и настаните оваа година во рамки на „Крушево град на културата 2014“.

Градоначалникот Дамчевски на свечената седница зборуваше за историскиот 8 септември 1944 кога градот бил ослободен од крушевскиот партизански одред „Питу Гули“ и за нивниот придонес во слободата на Македонија.

– Нашата главна битка денес се однесува на остварување на културниот и економскиот просперитет. Да ставиме приоритет на отворањето нови работни места со што ќе овозможиме задржување на младите на дедовските огништа, рече Дамчевски кој побара уште поголема поддршка за традиционалните манифестации „10 дена Крушевска Република“ и „Крушево етноград“.

По повод Денот на ослободувањето на Крушево беа доделени и пофалници на најдобрите ученици во 2013/2014, како и пет признанија на поединци коишто ја афирмирале општината.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ