Министерот за култура присуствуваше на ретроспективна изложба на Кастрати

Од:

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, вчера вечер присуствуваше на отворањето на ретроспективната изложба на еден од најзначајните албански сликари, Адем Кастрати, во Националната галерија на Македонија-Даут-пашин амам.

Кастрати, кој е роден е во косовското село Горно Карачево во близина на Врање, е еден од доајените меѓу албанските сликари во Македонија, каде живее и создава повеќе од четириесет години. Тој припаѓа на првата генерација сликари по Втората светска војна. Бурните времиња во кои растел, созревал и се формирал како сликар, секако ќе остават силна трага во неговото творештво. Неговото име зазема заслужно место меѓу ликовните уметници кои живееја и твореа на територијата на поранешна Југославија.

Почина во Скопје, во 2000 година. Адем Кастрати имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Урошевац, Приштина, Белград, Тирана, Гњилане, Париз, Женева, Минхен и др. Учествувал и на повеќе групни изложби:Љубљана, Загреб, Дубровник, Ниш, Палермо, Тирана, Париз, Архис (Данска) и др.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска