ВИДЕО: Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.

Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.

– Одлуката заедно ја донесовме со претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши и другите колеги од централното претседателство. На последниот состанок на централното претседателство што се одржа на 22 април 2019 година јас побарав од претседателот и од централното претседателство да ми дозволат да се повлечам од фунцијата министер за култура. По моите објаснувања и оправдувања поврзани со здравствените причини, централното претседателство го прифати моето барање, но за да не влијаеме на изборниот процес на претседателските избори, одлучивме тоа да го објавиме по завршувањето на процесот, изјави Адеми.

Тој посочи дека било предизвик да ја претставува „Алтернатива“ на достоинствен и искрен начин. Додаде дека останува во својата матична партија „Алетнарива“ да им служи на задачите што го чекаат во иднина.

– Нема потреба ниту да се кријам, ниту да се жалам од некој. Зборувавме за правда и јас владеев праведно. Зборувавме за транспарентност и јас владеев транспарентно. Зборувавме за моралот и јас владеев со нула корупција, рече Адеми.

Тој информира дека оставката ја доставил до претседателот на Владата Зоран Заев и му се заблагодари за коректната соработка, а како што рече, до назначување на новиот министер ќе продолжи да ја врши својата должност.

Прашан дали оставката има некаква врска со „чистката“ што ја најави премиерот Заев, Адеми одговори дека во потполност го поддржува во чистката што ја најавува и оти за своето повлекување од функцијата министер го има известено премиерот пред два, три месеци.

Асаф Адеми е втор министер за култура во актуелната Влада. Пред него Министерството за култура го водеше Роберт Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ