Министерот Адеми се сретна со Дритеро Касапи, директор на Шведскиот национален театар

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска имаше работна средба со Дритеро Касапи, директор на Шведскиот национален театар „Рикстеатерн“.

Скопјанецот Касапи своето образование го стекна на Факултетот за драмски уметности и има 20 години искуство како режисер во Шведска и во други земји од Европа, како и неколку водечки позиции – менаџер и уметнички директор.

На средбата во Министерството за култура Адеми и Касапи разговарале за можностите за воспоставување соработка помеѓу театарските установи од Македонија со Шведскиот национален театар, која е една од најреномираните театарски куќи во Кралството Шведска.

– На состанокот стана збор и за можноста за создавање копродукциски проекти кои во иднина би се прикажувале пред публиката во двете земји, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија