Михајло Свидераки добитник на наградата за проза за романот„Синовите на Адам“

Од:

Михајло Свидерски е добитник на наградата „Книжевен круг“ за проза, за романот „Синовите на Адам“ што ја доделува Друштвото на писатели „Битолски Книжевен Круг“, во рамките на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“, која оваа година се одржува по тринаесетти пат.

На доделувањето на наградата, критичарката Елизабета Јончиќ, истакна дека Свидерски со убедувачки уметнички јазик и стабилен раскажувачки тек нè воведува во општествениот и индивидуалниот свет на приказната за едно разрушено детство и уништен сон, а на крај, преку запечатување на доблеста на простувањето над нечовечноста, романот завршува со големо ослободување.

Реномираната критичарка Александра Јуруковска, романот „Синовите на Адам“ го оценува како згуснато, збиено четиво, за кое е потребно малку време, но многу сила за читањ, роман на тек на свеста, во кој има многу „и бука и бес“.

Поетесата и критичарка, Ирена Павлова Де Одорико, во поговорот на романот, насловен „За саботерскиот хедонизам и големото проштевање“ вели дека авторот пишува за денешно скопје, за апокалиптичниот бал на гревот, на мал географски простор со мега-фрустрации од различна природа.
Михајло Свидерски (Битола, 1991) прозаист, поет, преведувач. Автор е збирките поезија: Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ Плевен (2013) и Ѕвезди што спијат (2017). За романот Бело и Црвено (2014), во издание на Темплум, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година. Во 2019 го објавува романот Последните денови на Ханс во издание на Или-Или, кој е номиниран за наградата за литература на Европската Унија (EUPL) во 2020 година и влегува во најтесен избор за наградата „Роман на Годината“. Неговиот најнов роман, Синовите на Адам, е објавен во 2022 година во издавачката куќа Восток.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи