„Midnight conversation“ – најубавите џез-композиции со Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски

Од:

Извонредните уметници – џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски, со здружени креативни сили ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен „Midnight conversation“!

На 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Апелгрен и Спасовски, во очи на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература. Концертот со пијано и глас, ќе донесе комплексна, но атрактивна и пријатна музика која ќе направи магија за сетилата и ќе ја разбуди имагинацијата.

Џон Илија Апелгрен се смета за еден од најдобрите џез-вокалисти во регионот, со зад себе импресивна кариера на многубројни настапи како солист и со разновидни оркестри и ансамбли, студиски албуми и настапи на фестивали и концерти надвор од земјава. Неговиот придонес за развојот на вокалната џез-сцена во Македонија е несомнено голем.

Гордан Спасовски, пак, е пијанист од помладата генерација на џез-музичари во Македонија, кој во водите на џезот влегува под менторство на проф. Илија Пејовски и своето образование го продолжува на џез-одделот на Универзитетот за музика и сценски уметности во Грац, Австрија, каде дипломира со најголеми успеси. Спасовски зад себе има голем број на настапи на европските џез-фестивали, и соработки со значајни џез-имиња.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска