Мето Јовановски: Фестивалот на монодрама – посветен на неговото величество актерот

Од:

Интернационалниот фестивал на монодрама, посветен на неговото величество актерот, синоќа по 15. пат ги отвори сцените на НУ Центар за култура во Битола каде во наредните денови ќе се натпреваруваат десет актери од осум држави.

Фестивалот за отворен го прогласи доајенот на македонското глумиште Мето Јовановски, кој годинава е и претседател на меѓународното стручни жири.

– Ова е фестивал на неговото величество актерот и на сите вљубеници во театарската уметност. Го отворам фестивалот во името на креативноста, во името на убавото, возвишеното и во името на се она што ја возвишува човековата природа, рече меѓудругото актерот Јовановски пред аудиториумот во Битола во чија чест на отворањето беше изведена театарската претстава на МНТ-Скопје „Изгубените германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски.

Интернационалниот фестивал на монодрама денеска продолжува со три монодрамски остварувања кои ќе ги отвори актерката Луминица Борца од театарот од Валчеа.

Романската актерка ќе ја изведе монодрамата „10 прашања“ на Ана Марија Бамберг во режија на Адонис Филипи. Во 20 часот ќе настапи актерот Страхиња Бојовиќ од „Плус театар“-Нови Сад кој ќе ја изведе монодрамата „Посетител“, додека во 22 часот на публиката ќе и се претстави Елиас Фајнгерш од КИФ-Театар во Малме. Гостинот од Шведска ќе ја изведе монодрамата „Саундтракот на мојот живот“.

Интернацоналниот фестивал на монодрама во Битола се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“