Општина Новаци во рамки на заеднички проект со француската општина Колобел, месецот на франкофонијата го одбележа со активности на ученици од ОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци.
Според програмата, учениците вршеа истражување за некогашните француски шансони и споредба меѓу француската музика од времето на Едит Пјаф и денешната современа француска музика.
– И годинава учениците покажаа голем интерес за месецот на франкофонијата, а овој пат имаа можност да се запознаат со француската музика некогаш и денес. Оваа активност им помогна во нивното подобрување на писменото и усното изразување на француски јазик. Но, ние продолжуваме и со други активности кои планираме да ги организираме со општината Коломбел, а една од нив е и поставување спомен-плоча со партерно уредување во селото Брод со имиња на загинатите војници од Првта светска војна, истакна градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.