Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга

Од:

Седум културтно уметнички друштва од Македонија и соседна Србија ќе настапат на 18. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ што вечерва ќе се одржи во Паркот на поезијата во Струга, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Според Љупчо Милошески, кореограф во КУД „Илинден“ и дел од организацскиот тим, градот на мостовите и годинава ќе биде „мост“ на различни култури и традиции.

– Годинава ќе може да уживаме во програмата подготвена од страна на домаќините, КУД „Илинден“, како и нашите пријатели од Вевчани, Кичево, Крива Паланка, Битола и две друштва од соседна Србија, ифнормира Милошески.

Tрадиционално, манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а покрај домаќинот КУД „Илинден“, учество ќе земат и културно уметничките друштва „Дримкол“ од Вевчани, „8-ми Октомври“ од Крива Паланка, „Гоце Делчев“ и ансамбал „Божилак“ од Битола, како и фолклорните друштва „Бранко Радичевиќ“ и „Цариброд“ од соседна Србија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од категоријата проекти од национален интерес.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он