Меѓународни студентски средби „Скомрахи“ од 3 до 7 ноември

Од:

Со претставата „Елка кај Иванови“ утревечер во Драмскиот театар ќе бидат отворени 26. Меѓународни средби на студентите од факултетите и академииите за драмски уметности „Скомрахи 2017“.

Претставата е на студентите од катедрата за актерска игра при Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Зоја Бузалковска и асс.м-р Александар Степанулески.

– На Скомрахи ќе учествуваат повеќе факултети од регионот, ќе има театарски претстави, филмски проекции, научна конференција, изложба и многу забава. Сите активности ќе се случуваат на Факултетот, претставите ќе почнуваат во 19 часот, а филмските проекции во 21 часот, рече денеска на прес-конференција деканот на Факултетот за драмски уметности, Лазар Секуловски.

Посочи дека 26.Скомрахи се организирани со поддршка на министерствата за култура и образование и наука, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Град Скопје…

Продеканот на Факултетот, Мими Таневска Србиновска рече дека овие средби се многу популарни во Белград, Загреб, Љубљана…

– Ќе има претстави од Белград, Загреб, Љубљана, Благоевград, Приштина…Eдна вечер тројца професори од нашиот факултет ќе пуштат музика. Имаме голема посетеност на Скомрахи и на академската сцена, додаде Таневска Србиновска.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“