Меѓународната изложба „Играчки и роботи како ликовна инспирација“ гостува во Прилеп

Од:

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер во 19.30 часот ќе биде отворена тематска изложба „Играчки и роботи како ликовна инспирација“.

Изложбата е организирана во соработка со Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ и ќе претстави автори од Македонија, Србија, Мексико, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Ерменија, Куба, Словенија, Хрватска и Франција.

Автор на проектот е Лепосава Милошевиќ-Сибиновиќ, академски скулптор и сликар, според која учесниците користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, ги развиле своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.

Според Милошевиќ-Сибиновиќ, човечката потреба за играње, стара е колку и човекот. – Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) илисѐ уште се актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призмата на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот, наведува авторката на овој проект, кој пред еден месец беше претставен на фестивалот „Скопско лето“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска