Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани како дел од годишната програма по вторпат ја реализира манифестацијата Сликарски конак под наслов „Арт варијации – Стари поток“.
– Минатата година за прв пат ја реализиравме манифестацијата, а ликовните уметници своите дела ги создаваа во прекрасниот амбиент на вештачкото езеро Градче близу Кочани. Годинава манифестацијата ја дислоцираме во Пехчево во просториите на Домот на културата „Јане Сандански“, а уметниците своите дела ќе ги создаваат во околината на Пехчево и во хотелот „Гогов“, изјави Љупка Стоименова, претстедател на Здружението „Стари поток“ од Кочани.
На Манифестацијата сликарскиот конак „Арт варијации-Стари поток“ која ќе се реализира од денеска до 23 септември 2017 година ќе учестуваат ликовните творци Божица Милојевиќ и Кристина Милошевиќ од Република Србија, Трајан Трајковски, Гроздан Крстевски, Гоце Илиевски, Ели Ѓорѓиоска и Мики Трендафиловски од Република Македонија.
Создадените дела од годинешниот сликарски конак ќе бидат изложени на изложба наредниот месец во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.