Меѓународна научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“

Од:

Меѓународна научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“ се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) и Македонската академија на науките и уметностите. Учествуваат проминентни македонисти и слависти од многу земји во светот.

– Овој тип настани се извонредно значајни бидејќи придонесуваат за научна обработка на македонскиот јазик, за негово систематско проучување и негова меѓународна афирмација. Во програмата на МАНУ посебно место е обезбедено на научната обработка на македонскиот јазик. Значајно внимание ќе се посвети на придонесот на нашиот познат лингвист, македонист, славист, академик Божо Видоески, рече претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Отец Јован Таковски, професор во пензија на Богословскиот факултет – Скопје рече дека на неговите студенти им нагласува дека тие мора да се обидуваат како идни свештенослужители, наставници, професори во практиката да се служат со литературниот македонски јазик.

– Македонскиот современ јазик води потекло од старо македонскиот, старословенскиот јазик. Нашиот современ јазик е наследник на јазикот на светите браќа Кирил и Методиј кои првите службени книги ги пишувале, ги преведувале на јазикот на Македонците од околината на Солун. Со текот на времето јазикот еволуирал. Тогаш јазикот имал падежи кои го голем дел исчезнале, но сепак се задржале падежни форми особено од личните заменки. Се потфрла во употребата на предметните форми на личната заменка особено за женски род. Таму каде треба да се употребува акузатив, се употребува датив – наместо „ја видов неа“, се употребува „ја видов нејзе“…, рече Таковски.

Во рамки на манифестацијата беше презентиран и новиот интернет портал Дигитални ресурси на македонскиот јазик, кој содржи над 50 дигитализирани стари книги, граматики на македонскиот јазик, монографии, споредбени студии, база на ресурси за македонски електронски корпус, како и повеќе од 4.000 страници дигитализиран дијалектен материјал од целата јазична територија на Македонија.

Манифестацијата продолжува и утре кога ќе се одржи меѓународната научна конференција „Динамиката на македонскиот јазик“, посветена на анализата на динамичниот карактер на македонскиот јазик и неговата специфична структура. Професорот Мотоки Номачи од Универзитетот во Хокаидо, Јапонија првпат ќе го претстави ракописот на необјавената „Граматика на македонскиот јазик“ од акад. Самуил Б. Бернштејн, која е напишана во 1947 година и повеќе од 70 години се сметаше за загубена.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи