„Населби, култура и динамика на популациите во Балканската праисторија“ е тема на меѓународна археолошка конференција посветена на праисторијата што денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организација на ХАЕМУС-Центарот за научни истражувања и промоција на културат.
Конференција вклучува презентации од археолози, изложба со постери во Музеј на град Скопје.
Учество на конференцијата пријавиле над 100 археолози од 20 земји од светот, меѓу кои од Хрватскиот конзерваторски центар од Загреб, Археолошкиот институт од Загреб, Археолошкиот институт (САНУ – Белград), Археолошкиот институт при Бугарската Академија на науките – Софија, Универзитет колеџ од Лондон, неколку музеи од Романија,..
Целта на конференцијата е подигнување на рејтингот и угледот на археологијата во Република Македонија како наука. Покрај научен има и промотивен карактер и се прави во соработка и со поддршка на врвни археолози од Европа. Конференцијата ќе им овозможи на домашните истражувачи контакти со престижни институции кои би резултирале со соработка и идни проекти во полето на археологијата.
Партнери на конференцијата се Музејот на град Скопје и ЕXАRC – меѓународна организација за музеи под отворено небо и екпериментална археологија.
Научните текстови од археолозите ќе бидат публикувани во посебна монографија во издание на Археопрес, престижна издавачка куќа од Оксфорд специјализирана исклучиво за публикување на научна археолошка литература.