Меѓународна конференција на библиотекари

Од:

„Влези во дигитален свет“ е мотото на Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци која Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе ја организира од денеска до недела во Крушево.

Ќе учествуваат повеќе од сто библиотекари од сите библиотеки во земјава, како и од Србија, Бугарија и Германија, кои ќе дискутираат на тема „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“ .

Во рамките на конференцијата ќе има и две работилници: „Гемификација во библиотеките“ и „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“ со предавачи од Србија и Германија.

– Искуствата и знаењата од конференцијата ќе бидат архивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство, соопшти библиотеката „Браќа Миладиновци“ за конференцијата која е дел од Програмата во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека

А1он

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

„Соба на бајките“ – Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника – Скопје

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека