Шестиот по ред, „Меѓународен театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски“ ќе биде отворен вечер во просториите на НУ Центар за Култура Крива Паланка.
Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ е востановен 2009 година, по иницијатива на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и е под покровителство на Општина Крива Паланка.
Основен мотив за организирање на манифестацијата, беше презентација на театарската уметност пред локалната јавност, но и можност за културна презентација на општината и дополнителна атракција за туризмот.
Театарскиот фестивал и оваа година ја остварува својата хумана мисија и паричните средства собрани од продажбата на билети за театарските претстави, во договор со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, ќе бидат наменети за хуманитарна цел.
Цената на еден билет е со симболична сума од 50 денари.