Меѓународен научен собир „Милениумското зрачење на св. Климент Охридски“ денеска и утре организира Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
На отворањето е најавено поздравно обраќање на претседателот на МАНУ Таки Фити и пленарни реферати на академиците Георги Старделов, Блаже Ристовски и Цветан Грозданов.
Предвидени се две работни сесии „Книжевност, јазик и литература“ и „Историја, теологија, археологија и историја на уметноста“.
На научниот собир ќе учествуваат научни работници од Македонија и научници од Руската Федерација, Чешка Република, Словачка Република, Украина, Република Литванија и Република Бугарија.