Вкупно 38 уметници од 22 земји ќе учествуваат на Меѓународниот ликовен симпозиум „Струга 2016“ што ќе се одржува од денеска до 4-ти мај во Струга.
Симпозиумот е под покровителство на Општина Струга, а го организира Здружението за уметност и култура „Silindar’t“.
Уметниците-учесници од САД, Италија, франција, Русија, Холандија, Белгија, Украина, Белорусија, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис, канада, Швајцарија,…, ќе имаат можност својата инспирација од убавините на Струга да ја преточат на платно.