„Медена земја“ прикажан на „Сараевски филмски фестивал“, следува премиера на „Македокс“

Од:

Документарецот „Медена земја“, кој викендов беше прикажан на Сараевскиот филмски фестивал, влезе во официјална конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“.

Официјалната македонска премиера на „Медена земја“ ќе се одржи на 28 август 2019 година во Куршумли ан, на затворањето на 10. издание на Фестивалот за документарни филмови „Македокс“. Истиот ден, во рамки на фестивалот, ќе има проекција и во Младинскиот културен центар.

Од 29 август, филмот ќе се прикажува во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“.

„Медена земја“, на 24 август ќе се прикажува на фестивал во Макао, а на 21 и 23 август во Јужна Кореја. Следува учеството на филмски фестивал на планината Лесини во Италија, на 30 август.

Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, документарецот од 26 јули има кинодистрибуција во селектирани киносали во САД. Според официјалниот извештај на „Неон“: „Медена земја“ има најуспешна кинодистрибуција меѓу документарците, постигнувајќи повисока заработка од предвиденото.

Документарецот доби одлични рецензии од највлијателните медиуми во САД, како „Њујорк Тајмс“ , „Њујоркер“, „Вашингтон Пост“, „Сан Франциско Хроникл“, „Лос Анџелес Тајмс“, „Венити фер“, „Ролинг стоун“ , „Атлантик“, „Еј-Ви клаб“, „Ноктурнал“ и „Шокја“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ