„Медена земја“ повторно во кино – од утре во „Милениум“, од понеделник во Кинотека

Од:

Македонската публика повторно ќе има можност да го види документарниот филм „Медена земја“, кој е во потесниот избор за номинација за Оскар во две категории – документарни и странски филмови.

Од утре до идната среда (15 јануари) од 20 часот филмот на режисерите Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов ќе се прикажува во кино „Милениум“, а од 13 до 18 јануари и во Кинотеката со по две проекции дневно, од 18 и од 20 часот.

Во очекување на одлуката на Американската филмска академија, која на 13 јануари ќе ги соопшти номинациите за Оскар, документарецот за Атиџе Муратова, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, деновиве доби уште две значајни признанија. Снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата. „Медена земја“ доби и награда за најдобар документарен филм од Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

Покрај низата награди што минатата година ги освои на престижни фестивали, „Медена земја“ се најде и на листите на најдобри филмови во 2019-та на значајни списанија, како „Њујорк тајмс“, „Ролинг стоун“, „Варајети”, „Венити феир“…

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ