Со прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја” во Будимпешта беше отворен Меѓународен фестивал на документарен филм 2020, што ќе трае до 2 февруари.
Во преполната сала пред прикажувањето на филмот се обратија градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњи и амбасадорот на Република Северна Македонија во Унгарија, Горан Стевчевски.
Во своето обраќање, амбасадорот, навраќајќи се на досегашните успеси на филмот, меѓу другото, укажа дека иако „Медена земја” во суштина раскажува една мала, локална приказна за начин на живот кој полека изумира, таа во себе носи силна глобална порака.