Медал „Симо Матавуљ“ за поетесата Душица Илин

Од:

Здружението на српските писатели и додели на македонската поетеса Душица Илин медал „Симо Матавуљ“, именувана по првиот претседател на Здружението на југословенските писатели.

Душица Илин 30 години живее и твори во Србија, а признанието и е доделено за исклучителен придонес во српската литература и меѓунационалната соработка во културата помеѓу српскиот и македонскиот народ и македонското малцинство во  Србија.

Илин е авторка на 12 поетски книги, објавени на македонски и на српски јазик, и три антологии, избор на поезијата од сите добитници на престижната струшка награда „Златен венец“, за дваесет, дваесет и пет и триесет години од нејзиното втемелување.

Преведува на македонски од српски и обратно и на овој план забелжано е нејзиното ангажирање во  зацврстување на врските меѓу македонското и српското творештво.

Нејзиниот опус е преведен и објавен во Полска, САД, Турција, Романија, Англија, Франција и во балканските земји. Добитник е на повеќе значајни книжевни награди. 

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов