„Matka Summer Fest“ на 28 и 29 јуни

Од:

За првпат оваа година ќе се одржи интердисциплинарен фестивал „Matka Summer Fest“, кој претставува неколку дневен летен фестивал, каде на отворено ќе се преплетат различни уметности.

Фестивалот ќе се одржи на Матка (во дворот на Fresh lounge bar), на едно од најфреквентните туристичките места во земјава, кое е посетено како од странци така и од локалното население, но најчесто преку ден, затоа што за жал во текот на вечерните часови не само што ретко може да се забележат посетители, туку, исто така, недостасуваат културни понуди и содржини, што би ја оживеале Матка и во текот на доцните вечерни часови.

Затоа, овој фестивал има за цел токму тоа, првично Матка воопшто да има културна понуда за своите посетители, а посебно да и се даде на Матка заслужениот ноќен сјај. Преку овој фестивал, имаме за цел истовремено позитивно да влијаеме врз културната понуда, разновидноста, промоцијата, развојот на туризмот и бизнис секторот во земјата.

Централниот настан на фестивалот се концертите што ќе се одржат на 28 и 29 јуни, каде што ќе учествуваат Bla Bla Bla… и Offchestra (28-ти јуни) и Мухамед Ибрахими и Jericho (29 јуни), кои ќе бидат проследени со dj Electron и dj Pitti.

Покрај централниот настан, како дополнителна програма, исто така, ќе бидат неколкудневната изложба на фотографии од Матка направени од страна на шест млади фотографи (Арбнора Мемети, Ана Ристевска, Еркан Рамадани, Мирсад Бекир, Стефан Семандов и Зоран Шекеров) и други перформанси кои ќе се одржат неколку дена пред централниот концерт.

Фестивалот „Matka summer fest 2019“ е поддржан од Министерството за култура на РCМ.

Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид