Матицата на Македонците во Хрватска објави Хрватско-македонски речник

Од:

Матицата на Македонците во Хрватска објави опсежен Хрватско-македонски речник кој содржи над 30.000 зборови, во книжен формат Б-5 и на 1.246 страници.

– Во хрватската и во македонската култура досега не постоеја ниту Хрватско-македонски ниту Македонско-хрватски речник. Во 2009 година Матицата на Македонците во Хрватска во стаус носител на проектот и издавач ја покрена  изработката на Хрватско-македонскиот речник, со цел таа голема лексичка празнина барем делумно да се исполни, информира издавачот.

Матицата посочува дека Речникот е, пред се, наменет на македонското малцинство во Хрватска, како и за хрватското во Македонија, за полесно да го разберат јазикот од своите предци, за студентите на кроатистика во Македонија и за студентите по македонистика во Хрватска, за преведувачи на двата јазика, како и за сите кои ги интересира  хрватскиот и  македонскиот  јазик.

Автори на Речникот се Дијана Влатковиќ  и  Борјана Прошев-Оливер, рецензенти: проф. д-р Марко Самарџија, проф. д-р Веселинка Лаброска и  проф. д-р Лидија Тантуровска.

Хрватско-македонскиот речник  ќе биде претставен во Загреб и Скопје. Матицата соопшти дека веќе започнала со изработка и на Македонско-хрватски речник кој концепциски го следи објавениот Хрватско-македонски речник.

– Со многу сличен низ, со измена на левата и десната страна на појдовната и целната колона, тој речник ќе претставува целина со објавениот Хрватско-македонски речник, информира Анастас Саша Оџаклиески, претседател на Матицата на Македонците во Хрватска и член на уредништвото на Речникот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска