МАНУ организира „Научна и уметничка визита 2014“

Од:

Македонската академија на науките и уметностите од денеска до 20 август организира  неколкудневна програма насловена „Научна и уметничка визита 2014“, која ќе се одржува во Куќата на Уранија во Охрид.

Програмата ќе почне  со изложба „Основоположниците на МАНУ“ на академик Томе Серафимовски, која ќе ја отвори претседателот на Академијата Владо Камбовски.

Следната содржина е на 13 август, кога ќе бидат промовирани најновите книги на академик Блаже Ристовски: „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“. Нив ќе ги промовира академик Геогри Старделов.

На 15 август МАНУ ќе организира книжевна вечер посветена на академик Гане Тодоровски, за кого беседа ќе одржат академиците Георги Старделов и Луан Старова. На 19 август, пак, ќе биде одржана научна трибина „Перспективи на развојот на Република Македонија во посткризниот период“.

„Научната и уметничка визита 2014“ на МАНУ ќе заврши на 20 август со книжевна вечер посветена на турската поезија.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи