Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска одбележува 80 години од раѓањето на академик Цветан Грозданов.
Свеченоста ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а беседа за академик Грозданов и неговото творештво ќе одржи академик Георги Старделов.
За научниот опус на Грозданов ќе зборува проф. д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовиран и првиот број на „Монумента“, списанието на Истражувачкиот центар за културно наследство. Прикажан ќе биде и филмот на МРТ „Меѓу иконите и фреските“ снимен по повод 80 години од раѓањето на Грозданов.
На крајот е предвидено и обраќање на академик Цветан Грозданов.