МАНУ ќе организира „Научна и уметничка визита 2014“

Од:

Македонската академија на науките и уметностите најави неколкудневна програма од 7-ми до 20 август, насловена „Научна и уметничка визита 2014“, која ќе се одржува во Куќата на Уранија во Охрид.

Програмата ќе почне во четврток со изложба „Основоположниците на МАНУ“ на академик Томе Серафимовски, која ќе ја отвори претседателот на Академијата Владо Камбовски.

Следната содржина ќе биде на 13 август, кога ќе бидат промовирани најновите книги на академик Блаже Ристовски: „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“. Нив ќе ги промовира академик Геогри Старделов.

На 15 август МАНУ ќе организира книжевна вечер посветена на академик Гане Тодоровски, за кого беседа ќе одржат академиците Георги Старделов и Луан Старова. На 19 август, пак, ќе биде одржана научна трибина „Перспективи на развојот на Република Македонија во посткризниот период“.

„Научната и уметничка визита 2014“ на МАНУ ќе заврши на 20 август со книжевна вечер посветена на турската поезија.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска