Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2017“ ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври

Од:

Стопанско-културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2017“, која годинава ќе го доживее своето дваесет и шесто издание, ќе започне на 25 септември, а ќе заврши со централните настани на 1 октомври.

Вака одлучи Одборот за организација на манифестацијата и Комисијата за култура при Советот на Општина Кочани, на кој состанок беа договорени рамките и најавени дел од содржините на оваа значајна манифестација за Кочанскиот крај.

– Манифестацијата ја осмислуваме во текот на целата година, а со овој состанок ги започнуваме поинтензивните подготовки. Ќе настојуваме да внесеме повеќе содржини во истата, ќе имаме гости и делегации од збратимените градови со Кочани од повеќе европски држави. На оваа манифестација ќе се обидеме да ги обединиме традицијата и современиот уметнички израз, најави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Вообичаено, во рамките на манифестацијата ќе се избере жетварска убавица, додека традиционалниот обичај зажнејување ќе се изведе на нива во Кочанско Поле. И годинава ќе се одржи меѓународниот фолклорен концерт со учество на десетина ансамбли од повеќе европски држави и Македонија, кој ќе се одржи во Паркот на револуцијата, а планирани се и концерти во Трговскиот центар.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски