„Мали интимни приказни“ – самостојна изложба на Љупчо Бојаров во „КО-РА“

Од:

Со изложбата насловена „Мали интимни приказни“ академскиот ликовен уметник Љупчо Бојаров ќе се претстави пред скопската публика вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“.

На самостојната излоба ќе бидат преставени дела на Бојаров работени во период од 1985 – 2020 г.одина Изработени се во повеќе ликовни техники : цртеж, графика дрворез, графика сува игла, барељев во природен камен, објекти од бакар и дрво и теркота.

Љупчо Бојаров дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби ширум Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имаа можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во Њујорк, САД и во Египет.Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови.

Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика меѓу кои и: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, “Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Изложбата „Мали интимни приказни“ на Бојаров ќе биде отворена за посетители до 19 ноември.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска