Мал драмски театар-Битола на гостување во Бугарија

Од:

Претставата „Грав“ од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски, копрукциски проект на Мал драмски театар – Битола и Драмско-кулклен театар од Враца, која неодамна го освои највиското признание Гран-при на 24. Меѓународен фестивал на мали театарски форми во Враца, повторно ќе гостува во Бугарија.

Во изјава за МИА, основачот на Мал драмски театар-Битола Благој Стефановски потврди дека позитивно одговориле и ќе гостуваат на сцената на Театар „Софија“ во главниот бугарски град.

– Претставата „Грав“ ќе ја изведеме на 14. јуни, термин кој домаќините го резервираа како прв слободен термин, веднаш по информацијата за освоеното Гран-при во Враца. Поканата од овој престижен театар за нас претставува дополнителна потврда за квалитетот на претставата во која настапуваат актерите Јоана Поповска, Анастас Попдимтров и Георги Грозев, истакна Стефановски.

Мал драмски театар-Битола до крајот на месецов, односно на 27. јуни ќе настапи на театарскиот фестивал ИНФАНТ во Нови Сад. Станува збор за интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар каде актерите од Битола ќе ја изведат претставата „Домот на Бернарда Алба“ во режија на Софија Ристевска.

Како што е познато на ИНФАНТ во 2011 година копродукциот проект „Црвено“ во режија на Мартин Кочовски ја освои наградата Гран-при, информираат од Мал драмски театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“