Мал драмски театар-Битола на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад

Од:

Актерите на Мал драмски театар-Битола утрово отпатуваа за Нови Сад, каде ќе настапат на Интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар-ИНФАНТ.

Јубилејното, 40-то издание на фестивалот во Нови Сад почна синоќа, а според програмата на организаторот актерите од Македонија утревечер ќе настапат на сцената „Јован Ѓорѓевиќ“ во Српско народно позориште. Таму тие ќе ја изведат претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ или „Домот на Бернарда Алба“ од Федерико Гарсија Лорка во режија на Софија Ристевска.

– Се надеваме дека и овој пат ќе оставиме силен впечаток кај домашната публика, бидејќи организаторите на јубилејниот ИНФАНТ имаа голема желба да бидеме нивни гости. На сцената во Нови Сад сме настапиле два пати и тоа со претставата „Слугинки“ и со копродукцискиот проект „Црвено“ во режија на Мартин Кочовски, за што ја добивме и наградата Гран-при. Конкуренцијата и овојпат е голема, ќе настапат театри од Велика Британија, Хрватска, Португалија, Данска, Словенија, Белгија и домаќините од Србија, но и сега очекувам  меѓународното стручно жири да додели награда за најдобрата претстава, истакна Благој Стефановски, основач на Мал драмски театар-Битола.

Во претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ или „Домот на Бернарда Алба“ настапуваат Јоана Поповска, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

– По успешните настапи во Бугарија и гостувањето во Србија, Мал драмски театар-Битола се враќа на домашните сцени односно на 11-то издание на фестивалот „Актерот на Европа“ и на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ кој по 21-ви пат ќе се одржи во Струмица, а потоа повторно патуваме во странство, во Љубљана на „Експонто“ и во Подгорица на обновениот Фестивал на интернационален алтернативен театар-ФИАТ, додаде  Стефановски.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“