Мал драмски театар-Битола ја подготовува претставата „Корекција“ од Зоран Гаши

Од:

Меѓународниот ден на трудот 1-Мај, Мал драмски театар-Битола го одбележува работно и претпладнево ја реализираше првата проба за театарскиот проект „Корекција“ од Зоран Гаши во режија на Нико Горшиќ.

Станува збор за копродукциски проект со фестивалот Експонто-Љубљана во кој пристапуваме мотивирано и со максимален ангажман, истакна Александар Лозановски продуцент во Мал драмски театар-Битола.

– Празникот го одбележуваме работно во знак на протест на лошиот институционален третман и покрај статистичките показатели кои не прават најуспешен театар во Македонија. Проектот „Корекција“ од Зоран Гаши во режија на Ник Апре (Нико Горшиќ) го почнавме денес бидејќи нашите пријатели од Словенија веќе се во Битола и заедно ќе работиме во наредниот период за есенската премиера на „Корекција“, посочи Лозановски.

Мал драмски театар-Битола синоќа во Солун во театарот „Андреас Вуцинас“ ја изведе монодрамата „Столови“ од Ежен Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во соработка со актери од тамошниот театар паралелно ја подготвува и претставата „Крал Рес“ која е финансирана од програмата на ЕУ за прекугранична соработка.

– Во театарскиот проект „Крал Рес“ учествуваат 24 актери, по 12 актери од двете држави. Тоа е комбинација на млади актери, студенти, аматери но и актери дојени во двете држави. Веруваме дека овој атрактивен театарски проект културната јавност го очекува со нетрпение, истакна Лозановски.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“