Мал драмски театар-Битола гостува во Враца, Бугарија

Од:

Мал драмски театар-Битола вечер во театарот во Враца, Бугарија, премиерно ќе ја изведе претставата „Грав“ од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Станува збор за копродукциски проект на Мал драмски театар-Битола со Драмско – Куклениот Театар од Враца, во кој учествуваат битолчанката Јоана Поповска заедно со актерите Анастас Попдимитров и Георги Грозев од Бугарија.

Музиката ја компнираше Марјан Неќак, а сценографијата и костимите ги изработи Марија Диманова, информираат од Мал драмски театар-Битола.

– Театарот од Враца со Мал драмски од Битола на крајот на следниот месец премиерно ќе ја изведат и претставата „Човекот е човек” од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски, изјави продуцентот Александар Лозановски.

Мал драмски театар-Битола вомеѓувреме подготвува уште една театарска претстава во соработка со театар од странство. Станува збор за претставата „Крал Рес” од Еврипид во режија на Павлос Данелатос која е во копродукциска соработка со театарот „Андреас Воутсинас“ од Солун, Грција и која премиерно ќе биде изведена на 16-ти април во Битола.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“