Мал драмски театар-Битола гостува во Враца, Бугарија

Од:

Актерите на Мал драмски театар-Битола денеска отпатуваа за Бугарија каде на матичната сцена на театарот во Враца премиерно ќе ја изведат претставата „Грав“ од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Премиерната изведба е закажана за 16. февруари, а влезниците за овој културен настан во Враца веќе се распродадени, истакна продуцентот Александар Лозановски.

– Овој проект е копродукција со Драмско – Куклениот Театар од Враца, а во него учествуваат нашата Јоана Поповска заедно со актерите Анастас Попдимитров и Георги Грозев од Бугарија. Музиката е на Марјан Нечак а сценографијата и костимите на Марија Диманова. Следната премиера како копродукција со истиот театар од Бугарија ќе биде промвирана кон крајот на следниот месец. Станува збор за претставата „Човекот е човек” од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски, посочи Лозановски.

Мал драмски театар-Битола паралелно ја подготвува и претставата „Крал Рес” од Еврипид во режија на Павлос Данелатос која е во копродукциска соработка со театарот „Андреас Воутсинас“ од Солун која премиерно ќе се прикаже во Битола на 16-ти април.

– Во Националната програма на Министерството за култура поддржани сме со еден проект. Тоа е претсватава „Коекција” од Зоран Гаши во режија на Ник Апер која премиерно ќе биде изведена кон крајот на месец јуни. Овој проект е копродукција со фестивалот „Ех Понто” -Љубљана и Културен Центар – Нови Сад, истакна Лозановски.

Во текот на оваа сезона Мал Драмски Театар – Битола е поканет и ќе учествува на фестивали во Европа а предвидени се настапи и во Русија и Канада.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“