„Мал битолски Монмартр“ во чест на патрониот празник „Св.Кирил и Методиј“

Од:

Првиот ден од меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ е во знакот на патрониот празник на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола кое името на сесловенските просветители го носи од првиот ден на основањето.

По синоќешното спектакуларно отворање, традиционалниот 20-минутен огномет и врачување на наградите за најдобрите ликовни творби кои беа претставени на светска изложба, учесниците денеска почнуваат со сликање на различни локации, истакна Коста Хаџиантоновски, раководител на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

-Патрониот празник го славиме со неколку јубилеи – 35 години „Мал битолски Монмартр“, 60 години лична педагошка дејност и 81 години живот, исполнет со голема посветеност кон децата од светот. Младите ликовни таленти утрово почнаа да сликаат пред Градскиот часовник, Старата битолска чаршија и на Широк Сокак и веќе учествуваат во првата новина на годинешната колонија, а тоа е избор на најдобриот поединец на денот кој ќе го избираат самите учесници. Во рамките на програмките новости е и наградата најдобар ликовен педагог која ќе ја доделиме на крајот од колонијата, посочи Хаџиантоновски.

Учесниците од Европа, Азија и Африка три денови ќе сликаат во Битола, на 27 мај ликовниот караван ќе престојува во Крушево, а на 28 мај во Охрид. На 29 мај ќе се одржи ликовниот хепенинг „Рио 2016“ кога учесниците ќе сликаат на тема „Олимпијадата во очите на децата“, а најдобрите ликовни творби ќе бидат претставени на изложба во олимпиското село во Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска