„Мал битолски Монмартр“ гостува во Хонг Конг

Од:

Членови на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, воедно редовни учесници на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ од утре до крајот на месецов ќе престојуваат во Хонг Конг каде ќе се одржува вториот меѓународен ликовен фестивал за деца инспириран од фестивалот во Македонија.

Младите ликовни творци Ангела Каранфилова, Петрина Размовска и Мартин Димитриевски ги предводи академскиот сликар Никола Славевски, кои заедно со уште 100 деца од цел свет ќе цртаат на слободни теми и архитектура во Хонг Конг, информираат од детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

На ликовниот фестивал во Хонг Конг ќе учествуваат и ликовните педагози Коста Хаџиантоновски и Елена Хаџи Антоновска кои како и минатата година се членови на меѓународното стручно жири.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска