Македонските ликовни уметници Гордана Хаџи Николова Малашев и Кристина Битракова и бугарската сликарка Галина Николова синоќа пред преполна галерија во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, ја претставија својата заедничка ликовна концепција „Како Јас, а како Ти?”.
Преку 50 дела работени во различни ликовни техники и во различни периоди од нивните ликовни опуси, предизвикаа голем интерес кај публиката во Софија, но и од многу други градови од Бугарија.
Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров, а проектот беше подджан од македонското Министерство за култура.
Изложбата е петта заедничка македонско-бугарска ликовна концепција, која во изминатите неколку години беше иницирана и реализирана од нашиот Центар во Софија.