Македонскиот Стрип центар на новосадскиот стрип викенд

Од:

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес денеска и утре ќе го промовира македонскиот стрип на 12-от по ред „Новосадски стрип викенд“.

На овој стрип фестивал, на покана од страна на организаторите ќе присуствуваат Ване Трајков извршен директор и Томе Трајков програм координатор на СЦМ од Велес.

Како што појасни за медиумите Томе Трајков, освен што ќе одржат панел презентација на актуелната македонска стрип сцена, на посебен штанд ќе ги промовираат изданијата „СТРИП КРЕАТОР“, „СТРИП АЛМАНАХ“, како и авторските стрип книги издадени од страна на Македонскиот стрип центар.

– Присуството на „Новосадскиот стрип викенд“ ќе го искористиме и за збогатување на контактите со стрип сцените од други земји и реномирани автори, најави Трајков.

Според агендата на овој фестивал, гости на фестивалот за стрип ќе бидат реномирани стрип автори од регионот како што се Есад Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ и други.

Воедно на овој фестивал ќе биде промовиран и стрип фестивалот „НИФЕСТ“ од Ниш.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он