Македонски уметници на изложба за 50 години од „2001: Одисеја во вселената“

Од:

Режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева ќе учествуваат на изложбата „2001: Одисеја во вселената – 50 години“ која на 21 март ќе биде отворена во Филмскиот музеј во Франкфурт.

Се работи за ретроспективна изложба во чест на култниот филм на Стенли Кјубрик од 1968 година, кој и официјално од Американскиот филмски институт е прогласен за најдобар научно-фантастичен филм.

Алтипармаков и Гелева ќе ја претставуваат македонската културна сцена на официјална покана и препорака од Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик.

Покрај промоцијата на нивни дела, македонските автори ќе сработат и фоторепортажа за изложбата, која подоцна ќе биде презентирана во јавноста.

Изложбата за половина век од „2001: Одисеја во вселената“ е составен дел од Кјубрик-фестивалот, иницијатива од Фондацијата „Стенли Кјубрик“.

Содржини на Кјубрик-фестивалот досега се поставени во Мексико и Данска, а дел од фестивалот беше и Македонија преку ревијата филмови на Кјубрик на минатогодишниот Скопски филмски фестивал.

На јубилејната изложба во Франкфурт посетителите ќе имаат можност да погледнат артефакти од снимањето на епскиот научно-фантастичен филм – познати, но и не толку познати за пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска