Со „Роболеро“ во авторство и кореографија на Искра Шутарова синоќа во Софија заврши првата вечер на 9. Фестивал на модерни танци во организација на фондацијата „Етуд“.
Покрај „Роболеро“ беше изведена и кореографијата „Одраз“. Во изведбата на двете дела учествуваа Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова и Елена Ристеска во придружба на Валентин Димановски на гитара.
На фестивалот учествуваа и пет други кореографии од познати бугарски автори.
Македонските танчери првпат учествуваа на оваа балетска манифестација. Проектот е прв од овој вид во Програмата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и е подржан од Министерството за култура.