Македонски поетски јубилеј во Стокхолм

Од:

Во просториите на Македонската амбасада во Стокхолм денеска ќе биде одбележан 25-годишниот јубилеј на традиционалната културна манифестација „Денови на македонската поезија“ во Шведска.

Јубилејното издание на оваа единствена манифестација од таков вид во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа, е поддржано од шведски институции и организации, како и од страна на Министерството за култура на Македонија и Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Во програмата, која ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Кралството Шведска, Александра Наќева Ружин, ќе настапат десетина поети, меѓу кои и членови на Македонското поетско друштво „Дениција“.

– Оваа поетска манифестација веќе две и пол децении дава свој специфичен придонес во пошироката рамка на напорите што се прават за меѓународна афирмација на македонската литература, вели Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.

Годинава 25-годишнината на „Деновите на македонската поезија“ во Шведска со пригодни поетски читања беше одбележана и во Гетеборг, а за наесен е планирано поетско читање и во Малме каде што оваа манифестација за првпат беше одржана пред две и пол децении.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ