Македонски мотиви на изложба на дела од словенечката уметница Аленка Герлович

Од:

Во галеријата Мала станица вечер во 18 часот ќе биде отворена гостувачка изложба од Посавскиот музеј во Брежице, Словенија, на словенечката уметница Аленка Герлович, по повод 100 години од нејзиното раѓање. Изложбата ќе претстави избрани дела што сликарката ги создала помеѓу 1953 и 1957 во Скопје, Охрид и Струга.

Во нејзините рани македонски цртежи најчесто е избран мотивот на лица и фигури на жени и деца. Често се посветувала на македонската носија. Академско зацртаниот ликовен принцип на цртежот подоцна го заменила со јасен, конструктивен линиски цртеж и преминала на урбана стилизација и апстракција.

-Изложбата од збирката на депото на Посавскиот музеј во Брежице претставува мал дел од донацијата на Аленка Герлович, врзана за цртежите што како љубопитна патничка, истражувачка и уметница ги бележела по цела Македонија. Во својата книга „Деланки од мојот живот“ сликарката Герлович запишала дека ликовните посети во Македонија, каде што во 1950-тите години ги поминала летата, бил обиколница во нејзиниот развој како пејзажна сликарка, соопшти Националната галерија.

Изложбата вечер на отворањето ќе ја претстави Ожи Лорбер, кустос во Посавскиот музеј, а ќе се обратат и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец и Иван Молан, градоначалник на Брежице. Изложбата во Мала станица ќе може да се посети до 15 април.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска